Влажните марамчиња за бебиња се потенцијално опасни?


Најголемиот број од влажните марамчиња и лосионите и млеката за хигиена на бебињата се потенцијално опасни, предупреди денеска француското здружение за заштита на потрошувачите УФЦ-Ке Шуазир, јави дописникот на МИА од Париз

getty_rm_photo_of_baby_wipeОд вкупно тестираните 34 различни производи за хигиена на бебиња, 26 различни марки на марамчиња и шест на лосиони/млека за хигиена, се покажале дека се затруени со молекули кои предизвикуваат алергија, антибактерии или антиоксидант „токсични, а некои од предизвикуваат и ендокрини нарушувања“, вели здружението.

Според здружението за заштита на потрошувачите, 94 отсто од тестираните производи се „потенцијално опасни“.

Во исто време здружението ги повикува родителите да бидат недоверливи кон козметичките производи и да користат многу повеќе сапун и вода. Во исто време е побарано од Европската комисија да ги направи уште построги правилниците за овој вид на производи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1