Влегол во преполно кафуле и почнал да пука – Српски наркобос застрелан во Нови Сад


Српскиот наркобос Воислав Шкрбич е застрелан во едно од централните кафулиња на Нови Сад.

20140523.hrandqziam

Тешко бил ранет и еден од поданиците на Шкрбич. Според српски Блиц, биле двајца напаѓачи, кои успеале да побегнат во настанатата паника. За време на нападот локалот бил преполн со посетители. Напаѓачите влегле и веднаш отвориле оган.

Воислав Шкрбич се вбројува во неколку од најмоќните групи на српскиот подземен свет и се смета за еден од главните трговци со хероин во Војводина. Против него неколку пати се извршени напади, а во 2009 година е осуден и на 11 години затвор за трговија со дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1