Корисник на Фејсбук кој го посетил седиштето на компанијата во Лос Анџелес видел нешто страшно. Еден од вработените во таа компанија бил логиран на неговиот профил – без да користи пасворд.
После првичниот шок кој го доживеал корисникот кога дознал дека вработените имаат пристап до неговиот профил, уредниците на интернет-страницата The Verge побарале од Фејсбук одговор на прашањето кој се` има пристап до профилите на корисниците на популарната социјална мрежа, како и дали ги чуваат приватните пораки.
Во одговорот од компанијата Фејсбук е наведено дека вработените можат да пристапат до профилите на било кој корисник како би ги решавале проблемите со баговите. Меѓутоа, како што тврдат од Фејсбук, активностите на вработените се следат постојано. Секој вработен чиј пристап на туѓ профил е сомнителен, добива отказ.
„Не толерираме злоупотреба и недолично однесување, тоа резултира со отказ“, порачуваат од Фејсбук.