По синоќешните немири во населбата Ѓорче Петров поради убиството на 19 годишниот Ангел Петковски, состојбата утрово е мирна. Влезот кон Скопје од страната на Тетово е блокиран.
Сообраќајот се одвива по обиколницата, а според информации од полицијата, и улицата 4 jули во населбата, поради превртените контејнери на патот, е непрoодна за возила.
По улиците на Ѓорче Петров утрово се движат само пешаци, а насекаде можат да се забележат превртени контејнери.