Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања.
Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.