Под слоганот „Идеја и дело- посилни од сè”, вечерва во 20 часот ВМРО- ДПМНЕ ќе одбележи 26 години постоење. Прославата ќе се одржи пред Музејот на ВМРО .
Владејачката партија е идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893 година.
По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.
ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и во 2006 тата наваму под водство на Никола Груевски.
Првата смена на лидерите во партијата настана во 2002-та година кога на челоп на партијата застана Груевски. Георгиевски остана во партијата, како почесен претседател до 2004 година, кога поради несогласување со политиката на Груевски, се повлече од матичната партија и формира сопствена, партија ВМРО-Народна.
ВМРО-ДПМНЕ е една од двете најголемите политички партии во Македонија и е на власт од 2006 година.