ВМРО-ДПМНЕ ги укинува десетте пратенички групи – ќе се формира само една


ВМРО-ДПМНЕ идната недела ќе формира една пратеничка група, бидејќи сегашните 10 не ги исполнуваат условите според собранискиот Деловник, потврди опозициската партија за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Поради заминувањето на пратениците Амди Бајрам, Чедомир Саздовски, и Јусуф Хасани со парламентарното мнозинство, и исклучувањата на осуммината пратеници од колицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ , како и заминувањето на пратеникот на ГРОМ Панчо Минов, 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ сега немаат по минимум 5 пратеници кои се потребни да се формира една пратеничка група, па сега има 39 пратеници.

На координацијата на пратениците со лидерот Христијан Мицкоски имало разногласие дали да се формира единствена пратеничка група или да се продолжи по старо да има повеќе пратенички групи, но сакале да разговараат и за други, како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК, „многу побитни прашања“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1