Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оспорува и содржината и процедурата во која е донесен законот за употреба на јазиците. Партијата на Христијан Мицкоски денеска поднесе инцијатива за проверка на уставноста на овој закон. Најголем проблем за нив е тоа што со законот се воведува втор официјален зкаон во државата, со што се губи значењето на македонскиот јазик, како и објавата на законот во Службен весник без потпис од шефот на државата Ѓорѓе Иванов.
Од партијата бараат од Уставниот суд и времена мерка да запре примената на зкаонот бидејќи според нив постои ризик од нанесување на штетни последици.
Од владејчката СДСМ тврдат дека зканот е уставен и дека со него не се загрозува мнакедонскиот јазик.
Откако Иванов го прекрши Уставот, во надлежност на Собранието и согласно можностите коишто ги дава Уставот, објавувањето на Законот е правен, законски механизам, за Собранието да функционира Собранието, коментираат од СДСМ.
Ова е втора инцијатива за кнот пред Уставниот суд. Минатата недела закнот го оспори и професорот Јове Кекеновски.
Во меѓувреме, од Јавното обвинителство велат дека во работа ги зеле кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ против собранискиот спикер Талат Џафери, заменик генералниот секретар на парламентот Неџбедин Ибраими и за директорот на службен весник Мартин Костовски. Партијата ги сомничи дека ја злупотребиле службената положба, изврпшиле саботажа преку злосторничко здружужвање со објавувањето на законот.