ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и официјално заеднички во Струга и Кичево – Албанците во ДИК бесни


На тоа се спротивставија членовите на ДИК од ДУИ и ДПА Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, според кои, одлуката е противзаконска. Ибраими предупреди дека ова може да предизвика етнички тензии во државата.

strugakicev-640x307Државната изборна комисија вечерва го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување на кандидатските листи за советници во Струга и Кичево, откако СДСМ најави дека за возврат на тоа ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во двете општини.

На тоа се спротивставија членовите на ДИК од ДУИ и ДПА Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, според кои, одлуката е противзаконска. Ибраими предупреди дека ова може да предизвика етнички тензии во државата.

Останатите пет членови на ДИК сметаат дека потегот на владејчката партија да ги повлече советничките листи е нејзино дискрециско право, бидејќи токму таа е подносител на тие листи.

Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ како учесник во изборите има право да го избира својот партнер и никој не може тоа да и го ускрати.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи пред гласањето ја напушти седницата на Комисијата, а Ибраими гласаше против.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1