ВМРО-ДПМНЕ: Изборите празник за демократијата


 Денешниот втор круг од локалните избори беше празник за демократијата во нашата држава. И овој ден за Република Македонија, како и оној пред две недели ќе значи напредок за државата во остварување на европските перспективи, оценија вечерва од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ilija dimovski– Граѓаните на Република Македонија во одличен број денеска излегоа на гласање во овој втор круг на изборите. Процентот е многу солиден односно голем споредено со вторите кругови на гласањето на локалните избори во изминатите години. Очигледно е дека на овие Локални избори народот ја искажува недвосмислено својат политичка волја и недвосмислено го дава правецот како треба да се развиваат и да се движат и единиците на локалната самоуправа и целата држава, изјави директорот на центарот за коминикации на ВМРО-ДПМНе Илија Димовски по затворањето на избирачките места.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде, со оптимизам и верба во исправноста на нашите политики и дела ги очекува оваа вечер резултатите од повеќе општини низ Македонија каде што се споредува вториот круг на гласање

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1