ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ: Не ги исполнува ветувањата за здравството


Министерството за здравство мора да обезбеди услови за нормално функционирање на здравствените установи, изјави Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава дека власта не оствари ниту едно од предизборните ветувања како што се поголеми плати за лекарите и медицинскиот персонал, недостаток на лекови за ретки болести и инсулин, медицинските апарати не се сервисираат редовно и истите честопати се нефункционални, а зaменувањето и исчезнувањето на бебиња од ГАК стана секојдневие.

„Неодговорноста на СДСМ кон здравството деновиве кулминираше. Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден повеќе од 24 часа на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје не функционираше одделот за хематологија, а децата беа принудно префрлани на други оддели“, вели Николов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1