Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека реновирањето и проширувањето на зградата нема да ја чини ништо партијата, бидејќи таков договор склучиле со инвеститорот, а за возврат треба да отстапи најмалку 30 отсто од корисната изградена површина.
Ваквата одлука била донесена поради старата и дотраена повеќедецениска зграда и повеќекратните трошоци за нејзиното одржување. Единствено не кажуваат каде ќе престојуваат вработените додека траат градежните зафати.
Инвеститорот треба да изгради подземно паркирање на минимум две нивоа.
Максималната дозволена висина на зградата е 29 метри, ќе има приземје, осум ката плус потпокрив. Инвеститорот на своја сметка на градежната парцела треба да изгради и два посебни дела на предвидениот објект, со посебни влезови и по изградбата, на сопственикот на земјиштето да му отстапи еден дел од објектот, кој ќе претставува посебна функционална целина.
Повеќе на – Утрински Весник