Согласно законот за гранична контрола, граничната полиција има обврска да врши гранична проверка на патници за влез и излез од Република Македонија, а за проверка на личниот багаж е надлежна службата за аеродромското обезбедување, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст интегрално:
Таа не е државна институција. Истото може да го потврди и сопругот на Фросина Ременски, доколку знае барем нешто од обврските кои ги имаше на своето работно место во граничната полиција.
СДСМ по кој знае кој пат покажува дека нема капацитет, ниту елементарно познавање на законската регулатива.
Господинот Сашо Мијалков даде изјава во медиумите. Го потврди пропустот. Сашо Мијалков не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ.
За нив е својствена и очекувана ваквата реакција со сите конфузни и контрадикторни детали и лаги. За нив е очекувано да ги напаѓаат институциите и личностите само за да го покријат срамот нанесен на државата со лажењето на нивниот лидер.
Разликата е јасна за сите. Мијалков потврдува и признава кога ќе направи пропуст. Заев лаже и манипулира за да се извади од скандалот што го предизвика дури и по цена да и нанесе поголем срам на Република Македонија.