ВМРО ДПМНЕ му честиташе на Жерновски и на СДСМ


Илија Димовски на прес конференција изјави дека овие избори се историска победа за ВМРО ДПМНЕ. И му го честиташе мандатот на Жерновски и на Села.

ilija dimovskiГосподинот Сокол Митровски и после денешното гласање повторно е избран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров и тоа со поголема разлика. Во Општина Долнени, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Боше Милошевски од денес е нов избран градоначалник. Тој го победи својот противкандидат од ДУИ, кој до сега беше градоначалник на Општина Долнени, со значителна предност. Значи во оваа општина градоначалникот до сега беше од ДУИ, а од денес е од ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал да им честитам за победата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во овие две општини.

Но би сакал да ја честитам и победата на кандидатите на СДСМ и ДПА во општините Центар и Струга. На сите нив им посакуваме плодна работа во која основна грижа ќе им биде интересот и потребите на граѓаните на општините каде тие станаа градоначалници.
Со победата во овие две општини, би сакале да сумираме дека конечниот број на општини во кои победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За Подобра Македонија” е точно 58, наспроти само 4 колку што освои СДСМ. Ова е историска победа за ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1