Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави митинг за в понеделник. Ги повика граѓаните во 20 часот мирно и достоинствено да излезат низ скопските улици, како што велат, за да и`дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.
„Граѓаните ќе излезат за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отворање нови работни места. Граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за нови фабрики и автопати, ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси“, рече Никола Тодоров, најавувајќи го митингот.
Овој митинг, рече тој, ќе биде плод на разумот на секој наш граѓанин.
„Тука сме за Македонија. Ова е наша демократска битка, битка за почит кон нашите предци и битка за иднината на следните поколенија“, додаде Тодоров.