ВМРО-ДПМНЕ најави нова ера на Конвенцијата за локалните избори


Под мотото „Нова ера“ вечерва во Скопје коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше програмата и кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.

Лидерот на партијата Никола Груевски во обраќањето рече дека имаат тим на луѓе кои посветено ќе работи на остварување на визијата за подобра Македонија.

Осврнувајќи се на програмата, Груевски истакна дека предлагаат мерки за намалување на стапката на невработеност, за пониски даноци, зголемување на пензиите, платите и субвенциите, поголем профит за малите и за средни бизниси, отворање на нови работни места и изградба на најмалку три нови автопати. Во делот на енергетиката рече дека нивната визија е Македонија да стане електро-енергетски независна, а исто така да биде и еколошка земја и технолошки лидер во Југоисточна Европа.

Како дел од програмата ја посочи и борбата против криминалот и корупцијата и формирањето на брз и ефикасен правосуден систем. Политичките партии во Парламентот, како што рече, треба да се во најголем дел или целосно финасирани од државата со што ќе се обезбеди нивна целосна независност при носењето на одлуките.

– Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија. Ние предупредуваме и предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја, рече Груевски пред присутните во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1