ВМРО-ДПМНЕ: Нема договор за коалицирање со ДУИ, нови избори е зрело решение


Формирањето влада треба да биде во функција на решавање на кризата, а одржување на нови избори се натнува како „зрело решени“, соопштија ноќтакон понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ кои со сппштение информираа дека не е постогнат договор за коалицирање со досегашниот партнер во власта ДУИ.vmro sediste mk

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план.

Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.

Очигледно некој сака да се занемари волјата на мнозинството граѓани и да ја втурне Македонија во некоја нова неизвесна фаза од нејзиниот развој. ВМРО-ДПМНЕ останува на своите принципиелни позиции по однос на стратешките прашања од државен и национален интерес и прогласот усвоен на 17 декември 2016-та година“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1