ВМРО-ДПМНЕ објави повик за марш закажан за утре


ВМРО-ДПМНЕ попладнево објавик повик во кој ги повикува граѓаните за марш кој ќе се одржи утре во 16.30 часот пред Министерството за правда.

Во повикот ВМРО-ДПМНЕ образложува дека поводот за маршот е тоа што е прегазена правдината.

„Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината.. Да се спротивставиме на грубиот обид за фалсификување на историјата, на оние кои сакаат љубовта кон Татковината да ја претстават како нешто погрешно, оние кои го казнуваат патриотизмот како реакција додека се обидуваат да ги скријат газењето на Уставот и законите како причини за реакцијата“, се вели меѓу другото во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1