Какво време не очекува во следните денови


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено на запад и претпладне, а попладне врнежите ќе завршуваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до 12 степени.

Од понеделник ќе дува северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура. Поради разведрувањето од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1