ВМРО-ДПМНЕ од Битола најави обнова на Македонија


ВМРО ДПМНЕ денеска од Битола започна со промоција на својата програма наречена Проект „Обнова“. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред битолчани потенцираше дека Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјата и странство и е базирана на директни потреби на граѓаните.

-Секој еден човек не треба да се плаши да го промени мислењето и да поддржи нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго. Обновата е и обнова на духот, победа над просечноста и статус кво на политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите. Но и обнова на идеалите, човекот верува и сонува, и тоа мора да го вратиме, и да го одржиме пламенот за нашата Македонија. Европска Македонија е возможна, и ќе се избориме заедно за неа. Не ова што го имаме денес, а тоа е обесправена, Македонија изгубена помеѓу патот на криминалот и корупцијата, во чекалницата на ЕУ далеку од можноста за пристоен живот, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Денешниот акцент на промоцијата беше на здравството и економијата.

-Нашиот систем, не само здравствениот, туку економијата и јавната доверба се на многу ниско ниво како резултат на неконзистентни здравствени политики, здравството е поврзано со економијата и други сегменти од општествениот живот. Токму затоа оваа програма е базирана на цела зависност на сите сегменти од општественото живеење, Сашко Кедев, член на експертскиот тим.

-Она што најмногу ги засега граѓаните во моментот, ние подготвивме посебна преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза во Макеоднија, стратегија за првите 100 дена од новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалиција, изјави Трајко Славевски, член на експертскиот тим.

Програмата содржи над 1000 проекти, а главниот фокус ќе биде економијата и подигнување на животниот стандард.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1