ВМРО-ДПМНЕ останува на прогласот- нема да учествува во нови прегласувања


Одлуката да се поништи гласањето во едно избирачко место во Теарце е незаконска и политички мотивирана сметаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕtodorov-vmro-1-640x293

За поништување на гласањето, гласаа судиите Љуљзим Салиу, Исмета Амет и Снежана Трповска.

Дел од медиумите објавија дека функционери на СДСМ знаеле дека нивната тужба ќе биде прифатена уште пред судот да ја објави одлуката, што отвора простор за сомнеж дека станува збор за монтиран случај.

Дополнително сомнително е и тоа што избирачкиот одбор во сведочењето пред Државната изборна комисија укажа дека станува збор за кристално чист изборен процес во кој немало никакви неправилности

Управниот суд на седниците одржани вчера и завчера од вкупно 5 тужби, ја прифати тужбата на СДСМ за Тераце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1