Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес конференција објави аудио снимка во која, како што рече, женски глас се јавува кај граѓани и ги посетува да гласаат.
https://youtu.be/9PoKQlZ4KO8
„Се јавуваме од главниот шраб на СДСМ, доколку не сте излегле да гласате ве потсетуваме да го сторите тоа“, вели женскиот глас на што граѓанинот прашува зошто да излезе кога ништо не добил од партијата.
„Добија други, но ние ништо“, вели граѓанинот според ВМРО-ДПМНЕ, на што женскиот глас посакува пријатен ден и разговорот завршува.
Според опозициската партија ова е изборен криминал на организиран начин.
Од таму велат дека во изборен молк се врши и агитација и преку СМС пораки. Стоилковки прочита неколку телефонски броеви кои рече дека се регистрирани на адреса на седиштето на СДСМ на Бихачка и побара од МВР да даде одговор за овие наводи.
-СДСМ е толку очајно што лажно преку СМС пораки се претставуваат и даваат насоки на членови на ВМРО-ДПМНЕ во име на партијата дека наводно бил постигнат договор и дека партијата наводно ги повикува да гласаат. Ова не е насока на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има став секој член по свое убедување да одлучи како да постапи. Ова претставува незаконско агитирање во време на изборен молк – рече Стоилковски.