ВМРО-ДПМНЕ Струга: Села ги разрешува сите раководители Македонци


Градоначалникот Зијадин Села се однесува игнорантски и одлуките што ги засегаат сите граѓани ги донесува самоволно, реагираат од  струшкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја истакнуваат одлуката за разрешување на директорот на јавното претпријатие „Комунално“ и смената на секретарот на општината.

zijadin selaУште во првите неколку дена наместо да се зафати со работа, за да може Струга подготвено да ја пречека туристичката сезона, в.д. директорот почна да се занимава со разрешување и деградирање на сите раководители-Македонци во тоа претпријатие. Симптоматично е тоа што се разрешуваат само раководители Македонци, а не и раководителите и директорите од други етникуми.“ – истакна претседателот на струшкиот разгранок на партијата, Перо Петкоски.

Исто така, тој потенцира дека коалицијата „Заедно за Струга“, во градот освоила 8.000 гласови, што според нив, им дава за право да го имаат полниот легитимитет во однос на одлуките кои ги засегаат граѓаните на градот Струга.

Со други зборови, одлуките кои ќе бидат донесувани од страна на општинската администрација, а за кои нема да бидеме консултирани, ќе ги сметаме за нелегитимни и како такви нема да имаат поддршка од сите граѓани на Општина Струга. Не може само од една страна да се бара конструктивност и почитување на Рамковниот договор, а за друга страна тоа да не важи. Не може мнозинството во градот, Македонците, да се игнорираат зашто тоа не води кон успешен мандат на оваа локална самоуправа, порача претседателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.“ – додаде Петкоски.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1