Заев останува во игра, но бара да престанат дворските игри


Зоран Заев на Ивршен одбор вчера се заканил дека нема да поднесе кандидатура за лидер на СДСМ доколку не се средат состојбите и постапката за избор на лидер на конгресот закажан за 2 јуни. Партиски извори за А1 велат дека Заев ова го направил за да престанат дворските задкулисни игри кои создаваат негативна атмосфера и конфронтација во партијата.

sekerinska zaevЗаев сака по Конгресот во неговата партија да се создаде славеничка атмосфера за да излезе партијата обединета и посилна. Нашиот извор објаснува дека Заев не ја повлекол кандидатурата како што тврдеа дел од медиумите затоа што кандидатурите не се ни поднесени.

Според роковникот на партијата 15 мај е последниот рок кога ќе биде познато кој ќе влезе во трка за претседателското место во опозициската СДСМ.

Со ова според многумина најсериозниот кандидат за претседател на СДСМ му праќа порака на Црвенковски дека не треба да ги подгрева игрите во партијата и треба да остави да се одвиваат фер избори.

Нашите извори велат дека Заев ја имал поддршката се до моментот кога објавил дека ќе биде кандидат но една од причините за ова е и нетрпеливоста меѓу Радмила Шеќеринска која јасно кажа дека го поддржува Заев и директорот за комуникации на СДСМ Наташа Савова. Денеска Шеќеринска беше во Струмица на разговори со Заев.

a1 on

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1