ВМРО – ДПМНЕ утре на протест пред Собрание


Скопските градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и клоалиционите партнери ги повикаа граѓаните утре во 20 часот масовно и одлучно да се приклучат на митингот за подршка на стабилна и силна Македонија.

-Собирот во понеделник ќе упати неколку јасни пораки, Македонија е нашата татковина која заслужува стабилност, просперитет и подобра економска иднина. Овој собир ќе даде јасно до знаење дека само преку демократски избори народот одлучува кој ќе биде власт, а кој опозиција во нашата држава. Граѓаните јасно и гласно ќе кажат дека се против насилните демонстрации и црните сценарија за дестабилизација на Македонија. – Ивица Коневски, Градоначалник на општина Аеродром.Screenshot_28

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, побара граѓаните со своето масовно присуство на утрешниот собир да дадат поддршка за развојот на градот.

– Утре да ни се придружите на големиот народен митинг, да дадеме поддршка на се што е досега направено за Скопје, за невидениот развој и за она што допрва ќе се реализира – Коце Трајановски, Градначалник на град Скопје

Првиот човек на Карпош Ствечо Јакимовски, ги повика граѓаните независно од политичката, националната и верскта припадност,  со својата излезеност да покажат дека сакаат мир, стабилност, соживот, безбедност и екононмски просперитет.

– Дојдете утре за да се види колку не има, дека сме многу повеќе од оние што се обидуваат да воспостават марионетска власт преку насилни, вонинституционални методи. – Стевче Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам ги повика Ромите масовно да го поддржат утрешниот собир за сузбивање на, како што нагласи, проблемите кои некој сака да  и ги наметне на Македонија.

На иницијативата “За Силна Македонија“ се приклучија и градоначаниците Жика Стојановски, Петре Латиновски, Сокол Митревски и Тони Трајковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1