ВМРО-ДПМНЕ: Заев халуцинира, Груевски ќе поднесе тужба за клевета


Прес конференцијата на Зоран Заев е тотално неточна и полна со лаги. Зоран Заев измислува и халуцинира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од никого и никогаш нема земено никакви пари, ниту пак бил сопственик на посочените фирми. Ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска Банка.

vmro dpmneПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе поднесе тужба за клевета. До сега беа толерирани безброј лаги, навреди и манипулации, но денес Зоран Заев отиде предалеку. Оваа лага е премногу и нема така лесно да помине.

Зачудени сме како човекот аболициран за криминал од над 8 милиони евра и човекот кој делел огромни тендери на својот татко, чичко, братучеди, снаи, тетки се осмелува по секого да фрла со кал, да лаже и да измислува. Заев не може да разбере дека не се сите како него.

Прес конференцијата на Заев очигледно е конфузна, со многу различни и контрадикторни податоци.

Никој не разбра што сакаше да каже, а веруваме ниту тој самиот, но очигледно е дека единствена цел му е да лаже и да измислува за да го покрие срамот што му се случи во неделата и да ги избегне многуте прашања кои до него ги поставува партиското членство на СДСМ.

СДСМ беше на власт во периодот за кој тој зборува, во 2003 и 2004 година, и ако имало нешто немало да толерираат, посебно знаејќи го фактот дека многу пати се обидуваа да најдат било што против Никола Груевски. Ако имало бар ситница Никола Груевски немаше да стане Премиер заради тоа што цела Влада на СДСМ се обидуваше да најде барем нешто против него.

Да потсетиме дека токму во овој период за кој зборува Заев, во 2003 и 2004 година, се случуваа најголемите хајки против сите што не се СДСМ. Тогаш Хари Костов беше министер за внатрешни работи, Црвенковски  Премиер, а коалициониот партнер на Заев, Љубчо Георгиевски непосрдно по овој период започна да прави расцеп во ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето е како баш сега му текнува на Заев да зборува и да лаже на само неколку дена од катастрофалниот пораз кој го доживеа неговата партија.

Се гледа дека Зоран Заев и СДСМ тргнале да прават монтажи, лаги и клевети. Јасно е кој пат го фатиле. Ние им препорачуваме само да продолжат така и на 27 Април ќе се соочат со реалноста и со изборниот дебакл.

Зоран Заев нека продолжи да тоне во живата кал во која зацапал. Зоран Заев нека продолжи вака за да го види изборниот дебакал кој ќе му се случи на 27 Април.

Зоран Заев нека продолжи вака за народот да може да му го види вистинското лице полно со омраза, гнев, лаги и интриги.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1