ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ со вчерашната прослава доживеаја уште еден пораз


„Зоран Заев и СДСМ со вчерашната прослава доживеаја уште еден пораз и тоа директно од народот односно граѓаните на Република Македонија. Заев уште еднаш ја потцени интелигенцијата на нашиот народ“, велат денеска од партијата на Мицкоски.

„Народот се обедини против капитулантскиот договор со кој што Зоран Заев ги исполни грчките црвени линии и прифати да го избрише вековното име Република Македонија, идентитетот, нацијата, македонската историја, културата и традицијата.

Нашиот народ вели колку пари – толку музика. А, бидејќи вчера беа фрлени стотици илјади евра, народни пари за прослава на промена на името, народот им порача на СДСМ: каков договор – толку публика.

Па почитувани граѓани, на вчерашната дебакл – прослава имаше помалку луѓе отколку што просечен граѓанин на нашата држава собира на куќна слава или на роденденска прослава кај најблиските.

Ја предупредивме власта дека залудно троши пари и дека на народот не му е дојдено до славење. Поразот и капитулацијата не може да се претворат во победа. Заевц тоа не го послуша, како што не слуша и за милион други погрешни политики кои што ги спроведува. Затоа вчера го добија овој врел шамар од граѓаните.

Овој шамар кој народот му го удри на Заев и на целиот криминален картел е резултат на несогласувањето со антидржавните политики што ја носат нашата држава кон амбисот“, сметаат од опозициската партија.

Кој ќе сноси одговорност за ова што го направија? Кој ќе ја понесе одговорноста за потрошените пари на граѓаните за оваа дебакл – прослава и најважно во чиј џеб завршија овие пари?, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1