Внимание: Камерата на Фејсбук овозможува кражба на сите ваши податоци!


Преку користење на апликацијата „Фејсбук камера“ и истовремено користење на ресурсите на Wi-Fi мрежата може да се влезе во телефонот и да се украдат сите информации на корисникотfacebook
Ако користите самостојна Фејсбук камера преку апликација која е верзија пред 1.1.2  најдобро е веднаш да ја надоградите поради сигурносните пропусти.

Фејсбук потврди дека популарната iPhone камера апликација има проблем со безбедносни пропусти кога телефонот е поврзан со јавна Wi-Fi мрежа.

Преку користење на апликацијата „Фејсбук камера“ и истовремено користење на ресурсите на Wi-Fi мрежата може да се влезе во телефонот и да се украдат сите информации на корисникот, вклучувајќи ги сите лозинки и кориснички имиња.

Овој пропуст го откри познатиот египетски хакер Мохамед Рамадан кој ги провери сите преостанати официјални Фејсбук апликации за време на работа преку Wi-Fi мрежа и утврди дека се безбедни.

Компанијата на Фејсбук наведе дека до сега не е забележан ниту еден случај на злоупотреба на овој безбедносен пропуст на оваа апликација и им препорача на корисниците што почесто да користат исклучиво мрежи на кои им веруваат.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1