Фејсбук како најпопуларна социјална мрежа во светот има повеќе од 1 милијарда корисници. Тие ги делат своите податоци со мрежата, како име , презиме, адреса на живеење, е-мејл, број на телефон, информации за други членови на семејството.
Според истражувањето што го направи Битдифендер, застрашувачки е фактот колку лесно хакерите и измамниците можат да дојдат до нечиви податоци преку Фејсбук. Инаку овие информации Фејсбук ги користи за огласување, ги продава на компании за истражување на јавното мислење и маркетинг, како и ги употребува во цели од каде што компанијата може да извлече корист.
Експертите предупредуваат дека и покрај антивирусните заштити и софтвер, сепак корисниците се првата и последна одбрана од ваквите хакерски напади. Најчестите напади се поврзани со апликации за тоа во стилот:
1. Апликација за тоа кој го гледал вашиот профил, овој фамозен вид на апликации покрај тоа што не работи, ги краде вашите информации од Фејсбук и може да ви испрати вирус. НЕ ПОСТОИ АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОВЕРУВАЊЕ НА ТОА КОЈ ВИ ГО ГЛЕДАЛ ПРОФИЛОТ, сите тие се вируси.
2. Линкови со шокантни слики и видеа, овој вид е ист како претходниот, сепак се разликува по една работа која го прави уште поопасен. Имено кога жртвата ќе стисне на линкот, покрај крадењето информации и можниот хакерски/вирусен напад, тој линк се поставува на ѕидот на жртвата како таа да стиснала „ми се допаѓа“. Заради ова овој вид на софтвер се шири премногу бргу и често пати додека да забележите дека е малвер е предоцна.
3. Апликација за промена на бојата на тајмлајн, ако не се посомневавте до сега, еве едно прашање, зашто апликација за промена на боја ги бара вашите лични податоци? Одговорот е за да ги украде „колачињата“ од вашиот компјутер и да го користи за спамување. БОЈАТА НА ФЕЈСБУК НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ, сите апликации се малвери и вируси.
4. Аликации за бесплатни кредити на Фејсбук, сериозно? Зарем треба д асе објаснува, ништо во светот не е бесплатно, па ни кредитите, едноставно не кликајте.
Освен овие начини за напади со неодамна воведената опција за синхронизација со мобилниот телефон, постои можност за напад и празнење на сметките, затоа не кликајте на ништо сомнително, а и на вистинските апликации не ги споделувајте вашите податоци.