Внимателно што купувате – овој миксер може да ве убие – опасен е за употреба (Фото)


Европската комисија за надзор на пазарот секојдневно објавува листа на производи кои се опасни по здравјето на човекот, а кои се наоѓаат на полиците на маркетите ширум Европа.

Така оваа агенција во петок објави слика на рачен миксер кој е пронајден во Унгарија и кој е опасен за употреба. Од оваа агенција наведуваат дека постои можност овој производ се најде на територијата и на други држави вклучувајќи го и Балканот. Во опис на овие наводи, пишува дека жиците од струја не се добро поставени, односно дека постои можност при употреба некој да настрада.

Потеклото на земјата од каде што е произведен овој производ под име „Happy sheep“ не е позната, а доколку некој од потрошувачите дошол во допир со овој апарат, од комисијата советуваат веднаш да го фрлат и од продавачите да си ги побараат парите назад.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1