Многумина сметаат дека разладувањето и пливањето е најдобар спас за жешките денови, но внимавајте на можните инфекции и вируси
Негативни последици
1. Доколку водата во базенот нема доволно хлор, може да настане инфекција. Исто така, доколку негата на телото по капењето во базен не е адекватна, ќе дојде до сушење на кожата.
2. До инфекција може да дојде и поради капењето во отворени базени како резултат на валканите плочки и бетонот за што се виновни луѓето кои работат на одржување на хигиената на базенот. Чистота на водата може да се одржи и доколку пред и по пливањето се истуширате.
3. Во базените лесно можете да „заработите“ некоја брадавица. Доволно е само едно лице да го „посее“ вирусот за да добиете вирус што е склон на појави на брадавици, посебно ако имате оштетена кожа или некакви ранички на ногата. Посебно се ризични затворените базени затоа што не се изложени на сончевите зраци кои ги уништуваат вирусите и бактериите. На трудниците не им се препорачува капење во отворен базен.
4. На жените со чувствителна кожа и на оние што имаат вагинален секрет им се препорачува да стават тампон пред влегување во базен, како и ставање антибиотска и антимикотска вагиналета. Тампонот го спречува понатамошното ширење на бактеријата, а истовремено го спречува и создавањето нова инфекција. На овој начин жените, покрај себе, ги заштитуваат и останатите капачи.
5. Капењето во базен и во отворени води не е препорачливо и за време на менструалниот период. Тампонот за време на циклусот не е доволна заштита, а предолгото останување во вода може да доведе до интензивно крвавење .
Утрински Весник