Циклонот „Клара“ кој во изминатите неколку дена беснееше во западна Европа, се доближува до регионов. Од утре, на територијата на цела Македонија е издаден метео-аларм од жолта фаза.
Според меторолозите, може да се очекува „Клара“ и кај нас да донесе интензивни врнежи дожд и драстичен пад на температурите.
Првите врнежи се очекуваат уште вечерва, а од утре нè очекува нестабилно време во текот на целиот ден, проследено со драстичен пад на температурите, при што максималната ќе изнесува 23 степени.
Ваквото време се очекува да се задржи до петок.