Домашни миленици заразени од леишманиоза живеат во Штип. Дел од заразените кучињата се донесени од странство, а колкав е бројот на вакви миленици кои најверојатно по нелегален пат се увезени во државата надлежните за сега не откриваат, јавува Алфа.
Болеста се манифестира со тешка клиничка склика, ги напаѓа црниот дроб, слезинката и лимфните јазли, а доколку не се лекува може да биде со фателен исход. Се јавува кај кучињата, а комарците можат да ја пренесат и на луѓето. За среќа годинава нема заразен пациент од леишманиоза, за разлика од лани кога на инфектологија од оваа биолест се лекувале тројца пациенти, тврдат од центарот за јавно здравје.
Најчести носители на паразитот се кучињата скитници. Штипјани со став дека надлежните мора да преземат конкретни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници кои се почесто ги има по градските улици.
И по три распишани тендери Штип не успеа да изнајде шинтерска служба која би се грижела за кучињата скитници во градот. Со истиот проблем се соочува и Кочани каде што овие кучиња слободно шетаат низ улиците.