Поради недозволеното ниво на токсични материи кои, во голема доза, се потенцијално канцерогени, цела количина на штрудли од смокви, создадена од српски производители, се повлечени од пазарот на ЕУ. Од истата причина повлечени се и крекерите.
Штрудлата со смокви на српскиот произведувач е повлечена од пазарот на ЕУ, затоа што содржи недозволено ниво на охратоксин А – токсична материја, која во големи дози е потенцијално канцерогена. Денес Танјунг му соопштил на Слободан Владиќ, човекот задолжен за безбедноста на храната од Министерството за земјоделие, дека пред десетина дена во министерството стигнало соопштение дека штрудлата со смокви содржи недозволено ниво на токсична мувла, а пред неколку дена, додал дека стигнало и ново соопштение, дека целата количина на производи е повлечена од пазарот.
На сајтот на Националната организација на потрошувачи на Србија (NOPS) се наведува дека од пазарот на ЕУ освен штрудлата со смокви се повлечени и крекерите од истата причина. Владиќ не можел да ја потврди оваа информација со крекерите и прецизирал дека до министерството стигнала само информацијата за нотификација за штрудлите. Праксата за иформаторите за безбедноста на храната во ЕУ, е инаку да не се наведе името на производителот туку само описот на производот.
Според прописите во ЕУ, дозволено е три микрограми орхатоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. На штрудлата со смокви, според Националната потрошувачка организација на Србија, имало повеќе од 15 микрограми, додека кај крекерите десет микрограми со токсична мувла.
Процедурите на Министерството за земјоделство, е да робата се врати во земјата за да се изврши контрола, вели Владиц, и доколку се потврди високото ниво на орхатоксин, надлежната комисија би требало да донесе налог за уништување на производите. Орхатоксинот има потенцијален канцероген ефект, и е поврзан со развојот на ендемска нефропатија, примарно е нефротоксичен, што значи дека може да го оштети уринарниот систем и во големи дози е хепатотоксичен, што значи дека може да го оштети црниот дроб.