Внимавајте глувци шират зараза во Скопје: Две жени на инфективна


Стаорци заразиле две жени. Болеста туларемија ја добиле од изметот на глодарите. И двете се хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести.

Според информациите на zdravstvo24.mk нивната здравствена состојба е стабилна но лекувањето ќе трае 2 недели.

gluvci

Во изминатите 25 години ова заразно заболување било регистрирано само двапати.

-Имаат симптоми како грип со висока температура, болки во зглобови, болки во грло. Овие две се и со оток на вратот кај лимфните жлезди и болеска кај нив е дојдена преку дишните патишта. Болеста е потврдена во Институтот за јавно здравје, вели др. Жарко Караџовски епидемиолог во Институт за јавно здравје.
Болеста е карактеристична за пролет и лето.

Но според епидемиолозите климатските промени направиле поместување па заразата ја има и во зима. Во случајот со двете пациентки, ветеринарни служби ќе проверуваат дали во близина на нивните домови има угинати глодари.

-Мора да се провери природното жариште, дали има угинати животни..значи, заразата доаѓа при контаминација на храна со измет од стаорци или угинати глодари покрај извори на вода. Најчесто доаѓа преку устата. Истото може да биде и кога се мете во куќите и се крева прашина во која пак има остатоци од измет на стаорци, вели др. Караџовски

Епидемиолозите очекуваат зголемување на бројот на заразени и затоа бараат претпазливост од граѓаните и навремено јавување на лекар.
-Значи, најважно е да побараат помош кај матичен, да не јадат храна која може да биде контаминирана, вели Караџовски
Едната пациентка која е заразена е 25 години и е од централното скопско подрачје а втората е повозрасна домаќинка од Арачиново.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1