Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните. Лажно се претставуваат дека се партнери со Макпетрол , а за услугата – минимално наплаќаат . истражувачкиот тим на телевизијата 24вести, стапил во контакт со еден од ваквите препродавачи – транспортот , монтирањето и боцата ќе не чинело само 20 денари поскапо отколку самите да си го купиме од легалните продавачи.
Од Макпетрол која е лиценциран дистрибутер за гас велат дека никогаш не соработувале со никого. Тврдат дека на терен се повеќе има диви продавачи. Предупредуваат дека тие плински боци можат да бидат половично наполнети или пак со технички поминат рок.
Од Макпетрол најавија дека за случајов ќе ги известат надлежните институции бидејки ризиците за несакани последици се големи.
Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект – причината била токму неисправната или дотраената нејзина состојба.
Огромен безбедносен ризик за граѓаните претставува дистрибуцијата на гас во плински боци на кои е истечен техничкиот рок за употреба кој трае само 5 години. А посебен проблем е нивното полнење на пумпите за авто-гас со помош на адаптери. Кога на ваков начин се полнат боците по 10-на пати добро упатените предупредуваат дека тоа е веќе темпирана подвижна бомба.
Експертите предупредуваат да се проверува датумот на техничка исправност на секоја боца пред да се земе и да се постави во домот, кој датум мора да биде втиснат на горниот дел на боцата, веднаш под шиберот за пуштање на боцата, доколку на боцата нема таков датум или е истечен, можете да го пријавите случајот, за да надлежните ги превземат потребните мерки, а и да се избегнат несаканите последици, кои можат да се појават при незгода предизвикана од технички неисправна плинска боца.