Внимавајте: Измаминици сопреле македонци близу Солун – ЕВЕ ЈА ПРИКАЗНАТА
Уште едни македонци сопрени од измамници во близина на ,,ринг роуд,, кај Солун. Ги сопреле при возење. застанале бидејќи човекот со деца во автомобил им свирел и мавтал возејќи крај нив, мислеле дека нешто не им е во ред со автомобилот и дека човекот им дава знак и застанале. еве што се случувало…
Со сребрено ауди (од новите модели) со германски регистарски таблички на ринг роад кај Солун еден човек со две деца во возилото на возраст од околу 5/8 години машки. Од прозорот на возачката врата со рака ти мафта за да застанеш и откако ќе го поминеш ти светка со светлата. Потоа откако ке запреш те прашува дали зборуваш англиски и ако знаеш разговарате.
Човекот кој е со црн тен и кратка црна коса висок околу 170цм, вика дека останал без пари и нема кеш бидејки картичката му ја скршиле децата и ти покажува скршена кредитна картичка и празен паричник и те моли да му дадеш пари за бензин. Ако му казеш дека немаш пари продолжува да те убедува дека колку имаш толку. Ва нашиот случај ни понуди и навидно златен прстен кој што вредел 300 евра и ни даде визит карта.
Откако му го вративме прстенот и му кажавме дека не го сакаме прстенот и му дадовме 20 евра тој ни се заблагодари и повторно го извади прстенот од рака и ни го даде бидејќи не сакал да е должен и дека може да му се јавиме на телефонските броеви од визит картичката доколку сакаме да се сретнеме повторно за да му го вратиме прстенот .
Ова не единствен случај. Голем број македонци биле на овој начин пресретнати ВНИМАВАЈТЕ и не застанувајте. Според некои информации ова е органзирано и доколку ви видат дека имате пари ќе дојдат и пајташите кои се во близина и ќе ве ограбат.