Во следните три дена целосно ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек што е формиран меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ѓорче Петров и Ацо Шопов, кај Порта Влае, поради изведување градежни работи.
Автобусите од градските линии 2, 2А, 4, 12, 22 и 22A во наредните три дена ќе бидат пренасочени преку улиците Ангел Динев, Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски) и Ѓорче Петров, а автобусите на автобуската линија со број 21 ќе бидат пренасочени по булеварот 8.Септември и улицата Скупи. Оваа траса автобусите од јавниот превоз ќе ја задржат и во обратна насока, а притоа ќе се користат постојните автобуски стојалишта.
Автобусите на приградските линии 11, 32, 56, 56а, 60 и 64 ќе бидат пренасочени по улиците Московска, Митрополит Теодосиј Гологанов и Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски) и ќе продолжуваат во правец кон улицата Ѓорче Петров. Во обратна насока посочените возила ќе се движат по истата траса.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот внимателно да се вклучуваат во сообраќајот, да се придржуваат на поставената патна сигнализација и физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.