Внимавајте какви печурки јадете – 3 пати им ја пречистувавме крвта но отровот беше посилен


 Најважна е самопомошта – да се испие многу млака вода за да се поврати што побрзо и веднаш да се побара лекарска помош. Треба се користи медицински јаглен и никако да не се пие алкохол. Вообичаените симптоми се повраќање, пролив, тресење, понекогаш и халуцинации, зависно од тоа кој отров доминира

pecurkaТрипати им ја пречистуваваме крвта на сите седуммина затруени, кои примија и 12 единици крвна плазма, но отровот од печурките беше посилен и, за жал, фатален и за таткото и синот, кои мислеле дека јадат голупки, но најверојатно јаделе аманита вироза, една од најотровните печурки, според тоа што го опишуваа – тврди директорот на Kлиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев за Дневник .

Таму продолжува интензивното лекување на петтемина блиски роднини на Миланче и Трпче Мирчевски од Тетово, таткото и синот, кои не го преживеале оброкот со печурките, кои самите ги собирале, и вчера попладне беа погребани.

Дознаваме дека на вечерата за малку ќе присуствувале и една бремена жена со сопругот, но во последен момент откажале, зашто на жената, едноставно, „не ~ се одело“ а можеби токму тоа им го спасило животот!

Најмногу грешки и најголеми трагедии се случуваат поради двојниците на шампињоните. Шампињоните ги има на ливадите, полјаните, дома во дворовите, во пролет, на лето и во рана есен, бели се и лесно забележливи, излегуваат масовно… Луѓето ги прогласуваат за безбедни, без да знаат дека нивните двојници аманита вироса (смрдливката) и амнита верна се меѓу најотровните. А аманита мускарија, атрактивната печурка од детските книги е отровниот двојник на аманита цезареја, една од највкусните габи кај нас позната како благва, булка или јајчарник. Kај нас расте и „кралицата“ на отровните печурки аманита фалоидес, која освен што е набиена со отрови и е многу подмолна бидејќи ја има бела, жолта и зелена, поради што може да се замени не само со шампињоните, туку и со многу други како што е зелената гулапка – вели Стојчевски, кој препорачува секогаш да ги учат латинските имиња, како единствено сигурни за препознавањето.

Најголема закана се оние отровни габи што првите симптоми ги даваат по неколку дена, а рекорд е смртниот исход по цели 60 дена откако габата била консумирана. Најважна е самопомошта – да се испие многу млака вода за да се поврати што побрзо и веднаш да се побара лекарска помош. Треба се користи медицински јаглен и никако да не се пие алкохол. Вообичаените симптоми се повраќање, пролив, тресење, понекогаш и халуцинации, зависно од тоа кој отров доминира.

Повеќе на – Дневник . 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1