Македонските криминалци ги следат трендовите на глобалниот сајбер криминал. Тие се на листата меѓу првите интелегентни хакери во регионот , кои со најсовремени системи и техники ги празнат сметките на домашни и странски граѓани, истовремено полнејќи ги своите џебови. Овде најчести се кривичните дела со платежни картички, вели Владимир Милошески, обвинител од одделот за компјуитерски криминал
– На почеток имавме условно речено- увезен вид на криминал- добиени податоци од странство, но во последно време веќе имаме неколку предмети во кои при претресите се пронајдени сапарати кои служат за одземање на податоци но и апарати кои служат за правење на лажни платежни картички.
Сајбер криминалот со нелегално празнење на платежните картички е најактуелен и во соседството. Затоа и не е воопшто чудно што нашите сајбер генијалци во извршување на вакви кривични дела се поврзуваат со странски канали.
– Најчесто ги забораваат границите. Соработката со странство е безмалку во секој предмет, но за среќа и ние ја имаме соработката со странство па успеваме да ги добиеме овие податоци. Најчесто беа поврзани со Унгарија, па РОманија, сега има и од Србија.
Истрагата за овој вид криминал е комплексна, но многу полесна од уличниот криминал, бидејќи овде секогаш остануваат докази кои го трасираат патот до извршителот на кривичното дело, вели Милошевски .
–користат меилови и др. Комуникација, но за среќа и на тие видови комуникација може да се утврди патеката на движење, кој бил иницијалниот момент на комуникација, како се движела информацијата, кој ги имал тие информации, каде ги чувал..
Лани обвинителство покрена две обвиненија за кривични дела со платежни картички, а беа уапсени повеќе од дваесет лица. Казните за ова дело се ригидни, од 1-8 години затвор, а ако е извршено како злосторничко здружение минималните казни се од 8 години зад решетки.