Фото: Монструми од Балканот – убијци на деца


Сите се убијци на деца кои го завија Балканот во црно, а никој од нив не покажал ронка каење на суд.

Пред трагичниот настан кој ја потресе Србија, со убиството на малата Тијана, која брутално беше мачена, удрена со автомобил, тепана, силувана, па закопана, за жал уште многу други грозоморни настани во кои жртви се деца го потресоа Балканот.

Ѕвер – силувал и убил 8 годишно девојче на кое и влегол дома

1358666-03

8 годишната Марија Јовановиќ на 26 јуни 2010 година кај Нови Сад е убиена од Младен Огулинац. На полицијата ѝ изјавил дека тој ден испил литар вотка. Потоа заминал во куќата каде што живеела Марија. Девојчето ја отворило вратата бидејќи бил брат на нејзината негувателка.

Ѝ ветил дека ќе ја носи да си игра, а потоа во неговата куќа ѝ пуштал порнофилмови, а потоа ја силувал. Девојчето плачело и викало дека ќе ѝ каже на својата мајка.  И ставил крпа во уста и ја задавил. По злосторството телото на девојчето го изнел од дома и во дворот го покрил со земја и со лисја. Поради закана дека ќе се убие бил префрлен во специјална затворска болница во Белград. Умрел во ќелија од срцев удар.

Уби петгодишно дете и го искасапил со бонсек

389268-25

2007 година 33-годишниот Даниел Јакупек во својата куќа во Србија го уби петгодишниот Лука Опатиќ, а потоа со бонсек го искасапил. На исти начин му пресудил и на 26-годишниот вујко на детето, Васил Трбовиќ. Двете тела ги фрлил во Дунав.

Пред судиите изјави: Не знам што ми беше, ги убив во бес. Навистина уживав додека го сечев малиот Лука!

Катарина Јанковиќ жртва на мајка си и на нејзиниот љубовник

1358679-04

Злосторство кое ја шокираше јавноста е и она кое се случи на 16 јули 2005 година кога во Белград 40-годишниот монструм Малиша Јевтвиќ силувајќи ја до смрт ја уби 3-годишната Катарина Јанковиќ додека нејзината мајка седела и пушела цигара.

Наместо да ја одведат на лекар, тие седеле дома уживале и јаделе. Девојчето починало поради силните болки од органите кои и биле буквално расцепени.

Јевтиќ во моментот на апсење негирал дека ја силувал малата Катарина и се заканувал дека е полковник во Единицата за специјални операции и дека кога-тогаш ќе им се одмазди. Неколку дена подоцна рекол дека е автолимаринар. Двајцата тврделе дека девојчето паднало од кревет. Подоцна почнале да си ја префрлаат вината еден на друг. Тој е осуден на 40 години затвор, а мајката на 37 години затвор.

Ја убил па ја силувал 15 годишната девојка

На 4 април 2001 година, 49-годишниот Горан Илиќ ј уби, а потоа и мртва ја силуваше 15-годишната Душица Илиќ од неговото село. Додека сите се ужаснувале, кога полицијата пристигнала на местото на настанот, тој си го барал часовникот кој му паднал додека ја силувал.

421019-08monstrumПо убиството тој си заминал дома, се преоблекол и се обидел да ги отстрани трагите од крв на облеката. Следниот ден отишол на местото на убиството и покрај мртвата девојка си го барал часовникот што во борбата со девојката му паднал од рака. Го признал убиството на девојката и е осуден на 40 години затвор.

На 14 април 2001 година на 800 метри од местото каде што била убиена Душица, биле пронајдени телата на 15-годишната Драгана Тодоровиќ и на 52-годишниот Мирољуб Антонијевиќ.

На главата на Драгана Тодоровиќ имало видливи повреди, а Мирољуб бил обесен на пет метра од телото на Драгана. Според истражните органи, Мирољуб со секира ја убил девојката, а потоа се самоубил.

13 годишната Тамара убиена зошто сакала да му помогне 

404569-12 404580-13

2005 година во близина на железничката станица Шангај, кај напуштените вагони со 19 убоди со нож била убиена тринаесетгодишната Тамара Ивановиќ.  Тамара тој 21 ноември се враќала дома од училиште, видела човек како лежи на земја и сакала да му помогне. Драган Николиќ (52) ја избол со кујнски нож во грбот и во срцето. По убиството, извалкан со крв, отишол да пие. Осуден е на 40 години затвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1