Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во текот на претстојниот празник 1 Мај.
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на местата како што се Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.
-Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, велат од Град Скопје.