Внимавајте: Популарните папучи „кроксерки“ – полни со отровни материи


Популарните папучи познати како „кроксерки“, кои веќе неколку години се хит – домашни обувки за в лето низ целиот свет, се токсични.

crocs papuciГерманската државна телевизија направила тестирање на разни производители и дојде до шокантно откритие дека кломпите се полн со многу токсични и канцерогени хемикалии кои влегуваат во телото преку кожата. Во прашање се кломпите што може најчесто да се најдат по пазарите и продавниците, особено за време на летната сезона. Не станува збор за оригинал „Крокс“ папичи туку за нивни имитации.

Коктелот од опасни супстанции се присутни во сите пластични папучи, без оглед на цената. Во овие популарни папучи има големо присуството на полициклични ароматични јагленоводороди, кои се многу канцерогени. Од десет тестирани различни видови на овие папучи во шест од нив ги има овие соединенија во многу повисоки нивоа отколку што е препорачливо. Оригиналните „кроксерки“ немаат штетни материи, но во нив има присуството на двете растворувачи кои можат да предизвикаат иритација на кожата и алергии.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1