Фејсбук профилот на фановите на Тоше Проевски (кој има над 400.000 членови) денеска на својата страна објави предупредување до сите фанови во врска со профил кој според нив се користи за педофилија. Еве што се вели во нивниот пост
Важно!!
Профилот со име “Tosee Legenda” е злоупотребен за педофилски и манијачки цели – ова е информација за сите посебно за помладите девојки! ЧУВАЈТЕ СЕ И НОРМАЛНО СИТЕ ДА ГО ПРИЈАВИМЕ!!
Се обидовме да го прегледаме профилот но тој е затворен за сите кои не се на листата на пријатели. како профил слика ја има сликата на Тоше Проевски. Се обративме до админите и на фан страната на Тоше за подетални информации – веднаш штом ќе ни одговорат ќе ве известиме – Во меѓувреме ВНИМАВАЈТЕ !!!
Ова е профилот за кој се зборува во постот на фановите на Тоше