Експертите од Земјоделскиот факултет во Нови Сад ги предупредија граѓаните да бидат внимателни кога купуваат сомнителни растенија за кои се вели дека се аронија. До одделот за хортикултура и овоштарство на Универзитетот последните месеци се обратиле луѓе од различни делови на Србија , со цел да ги идентификуваат овошните плодови кои и купиле како аронија, се вели во соопштението на Земјоделскиот факултет.
„Во сите овие случаи , експертите утврдиле дека плодовите и растенијате , се идентификувани како „кокошкино грозје„ ( Solanum nigrum) , чии плодови и целата билка, се токсични , ” предупредуваат во соопштението, објави Телеграф.рс.
Аронијата е грмушка а нејзините плодови се со темно сина до црна боја , но како што објаснуваат на Факултетот за земјоделство, плодовите не се бобинки, туку коштунки како тие на глогот . Аронијата зрее на крајот на август и почетокот на септември, а плодовите имаат благо збрчкана површина .
За разлика од аронијата, „грозјето“ е вид плевел, кое има плод со има темно сина до црна боја во вид на бобинки кои се сјајни и со непријатен мирис кога ќе узреат.
Според експертите од Факултет за земјоделски науки, граѓаните мора да обрнат внимание на плодовите и растенијата кои ги купуваат од пазарите.