Внимавајте: Се продава отровна ракија и мувлосан мармалад – Може да се умре и од 20 милилитри


Бугарската домашна ракија е отровна, полна со цијанидна киселина, тешки метали и алдехиди, пишуваат бугарските медиуми. Освен овие состојки, во неа има и метилалкохол, кој при консумирање ги труе сите што ја пијат. Oва е втор удар за бугарското лозарство откако бугарската влада дозволи во нивното вино годинава да се додава вештачки шеќер. Македонските експерти велат дека ова беше очекувано ако се знае дека наместо од грозје, ракија се произведува од суров шеќер.184309-rakija-fonet-300x180

Професорите од Факултетот за земјоделство и храна во Скопје велат дека кај нас нема потреба од паника, бидејќи и покрај лошото време, годинава ќе има добра ракија. Овде за нејзино производство се користи само грозје, а не расипана зимница и скиснато овошје.

Бугарските медиуми пишуваат дека по слабата берба на грозје кај нив, казаните за варење ракија се преполни со скапано грозје, мувлосани стари мармалади и слатка, скиснати компоти и згора на тоа многу суров шеќер. Инспекциските служби ги прочешлале пазарите и земјоделските дворови и утврдиле дека во ракијата што е тазе печена има с` освен чист природен алкохол.

– Од 50 милилитри може и нема да умрете, но подобро воопшто не ги пијте. Фрлете ги пијачките со време бидејќи при варењето ракија многу важна е квалитетна суровината. Но тоа бугарските фармери не сакаат да го научат. Во казаните ставаат секакви секундарни суровини, гнило овошје пребогато со метанол. Но не е само тој штетен. Kај овошните ракии меѓу токсичните состојки е цијановодородна киселина, која во минатото била користена за хемиско оружје – велат во Националниот институт за истражување вино и алкохолни пијалаци во Бугарија.

Може да се умре и од 20 милилитри ракија

Според бугарските медиуми, меѓу токсичните супстанции се и естероалдехидната фракција, како и т.н.. алкохол С3 и С5, во кои се собираат ацетилалдехиди и етилацетати.

– Во ракијата има над 100 соединенија, а во домашната соодносот меѓу алкохолите е во корист на опасните, бидејќи руралните казани не ги одделуваат т.н.. високи алкохоли, кои се штетни. Затоа од некои ракии се умира и од 20-50 мл, бидејќи се коктели од метанол, цијанидна киселина – објаснува професор Марин Маринов од Универзитетот за прехранбени технологии во Пловдив.

Дневник.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1