Формалдехид, лакови преполни со тешки метали и вештачки бои што испаруваат. Ова се само дел од отровите кои се пронајдени кај дрвените играчки. Ако сметате дека сте го решиле проблемот со опасните пластични играчки кои неодамна сте ги замениле со дрвени и сметате дека сега вашето дете е безбедно, лабораториските испитувања покажуваат сосем спротивни резултати, пишува Дневник.
Секоја втора детска играчка изработена од дрво не е безбедна за децата токму поради лепилата, боите и лаковите со кои се доработуваат играчките. Од отровите најмногу страдаат детските бубрези, слезината, црниот дроб, а токсичноста за децата е поголема бидејќи се со помала тежина од возрасните.
Ризикот за здравјето доаѓа од бојата што содржи дибутил фталат кој е многу отровен. Последно на што работев беа детски моливи кои во бојата со која беа третирани ја содржеа оваа материја.
Во Институтот за јавно здравје велат дека направиле 352 контроли на детски играчки, но сите биле гумени или пластични.
– Kај нас дрвените играчки влегуваат со сертификати и се продаваат само во лиценцирани продавници, па сметаме дека опасноста од нив е минимална – велат во Институтот за јавно здравје.
Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека ако сте решиле да купувате играчки, без разлика дали ќе купите гумени или дрвени купувајте исклучиво во легални продавници, а не на зелените пазари. Внимателно прочитајте ја декларацијата и испробајте ја играчката веднаш, уште во продавница. Водете сметка на декларацијата да има ознака „ЦЕ“ што гарантира дека производот ги исполнува минимумот безбедносните стандарди предвидени во Правилникот за безбедност на детските играчки.
Повеќе на – Дневник