Програм кој постира вести со ексклузивни наслови на кои секој би кликнал повторно се шири на македонскиот фејсбук – внимавајте зошто за да ја прочитате веста прво ви бара да ја прифатите апликацијата која го краде вашиот лајк и без да знаете во ваше име постира на вашиот профил. До нашата редакција реагираа читатели кои кликнале на овие наслови а потоа истата информација се споделила на нивните профили без нивно знаење, како и кај нивните пријатели.
според досегашните информации овие наслови се најесто од сајт – haxtore.com
Кога ќе одите дирекно на сајтот нема ништо – единствено логото кое се врти и музика – информациите кои наводно ги постира воопшто не можете да ги видите ако одите дирекно на сајтот.
Очигледно постојано ги менуваат насловите за да привлечат нови жртви па по вестите за Младенов и загинувањето на Тоше сега има нови наслови.
а последните наслови се следните (ова се лажни вести – не постојат)
ВО ЖИВО : Пристигнувањето на Јохан бо Македонија
ДИК се произнесе :Трет круг во Куманово и Струга !
ВИДЕО: Случајот со Борис Трајковски е разрешен еве како паднал кингерот и како е убиен !
Собраќајката на Тоше е намерно направена.Погледнете
:((((( Шокантно: Загинал 10 дена пред свадба, во тешка сообраќајка
уште кога ќе кликнете на веста апликацијата ве известува дека ќе има пристам до следното –