Афлатоксини во сушено овошје од Авганистан и од Азербејџан, алуминиум во тестенини од Kина, пестициди во грав од Доминиканска Република, салмонела во нане од Тајланд.
Ова се само дел од недозволените состојки на кои треба да внимаваат нашите инспектори кога се увезува храна од одредени држави. Агенцијата за храна издаде решение со кое се зголемуваат контролите на увозните пратки, пишува Дневник . Со Решението инспекторите се предупредуваат дека треба да внимаваат и на речиси сите зачини што доаѓаат од одредени држави, чаеви, но и на јагоди и зелка.
Европската Унија редовно ги предупредува земјите-членки да вршат засилена контрола на листата, освен гореспоменатите држави, се и Египет, Индонезија, Мароко, Kенија, Турција, Узбекистан и Виетнам.
Алерт-систем
Според решението, треба да се контролираат пиперките од Турција, кои наместо со витамин Ц, може да се зачинети со пестициди, а зачините од Тајланд можно е да имаат салмонела. Треба да се контролираат смрзнатите јагоди од Kина, кои може да се заразени со хепатитис А, а сушените тестенини од Kина може да содржат алуминиум. Во Агенцијата за храна велат дека станува збор за тековно работење и ова решение е како резултат на брзото предупредување (РАСАФФ) за безбедна храна во ЕУ.
На листата има суво грозје, домати, слатки пиперки, путер од кикиритки, грашок, а потеклото најчесто е од Далечниот Исток. Според листата, за одредени намирници треба да се контролираат дури и до половина од пратките при увоз. Меѓу нив се сушените овошје и зеленчук.
Повеќе на – dnevnik.mk