Внимавајте: Скапаните банани имаат салмонела, а неизмиената диња листерија!


Труење со храна е честа појава во летните месеци, па затоа лекарите и нутриционистите на граѓаните им нудат конкретни совети како правилно да се користи и да се складира храната за да се заштити од расипување и од микроорганизми. Тие, исто така, укажуваат да не се купува храна од пазарите, туку исклучиво од лиценцирани и климатизирани продавници за храна, каде што се чува според пропишаните стандарди. mienje ovosje

Годинава на стартот од летото се случи труење во два реномирани ресторани во Скопје и едно во фабрика во Битола, кога околу 20 лица добија сериозно труење од храна и побараа лекарска помош.

Овошјето и зеленчукот треба детално да се мијат, особено кората на дињата. Таа треба да се четка под јак млаз на вода, пред да се исече, оти во кората ја има бактеријата листерија, која може да се вгнезди во вашето тело и да предизвика сериозни состојби. Лани од оваа опасна бактерија во земјава починаа неколку лица.

Се препорачува да не се консумираат скапани банани, домати, бидејќи може да имаат салмонела која, исто така, е опасна за човекот ако се внесе во неговиот организам. Ја има и во јајцата и месото ако се чуваат несоодветно.

По обработката на месото, даската да се попари, а потоа да се користи за зеленчук, бидејќи месото ќе се пече и притоа ќе се уништат сите микроорганизми, а зеленчукот се јаде свеж и може да се внесат опасни микроорганизми во нашето тело.

Доколку пак се чуваат во фрижидер, задолжително треба да бидат ставени во посебни садови.

Лекарите, препорачуваат храната да се чува во фрижидер што е можно пократко, особено откако ќе се отвори спакуваната храна, бидејќи новите ладилници најчесто ја одржуваат температурата до 12 степени, а не како порано до 4 степени.

Готвената храна не треба да се чува подолго од два часа на собна температура. Таа треба да се готви на најмалку 70 степени, а додека се чува, треба да се заштити од инсекти, глодачи и миленици за да не се пренесат некои заразни болести.

На пеколни температури треба да се избегнува и консумација на млеко и млечни производи доколку не се пастеризирани.

Никогаш да не се остава подолго да стои храна во отворена конзерва и пијалак во лименка. По отворањето тоа треба веднаш да се изеде или да се испие. Колачите со крем, пак, можат да стојат само три дена во ладилник.

Вечер.мк

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1